Зошто детектор за лаги само за цариниците кога…­?

Колумна на Владимир Величковски:

Возовите порано, имаа големо значење од нашето детство до зрелоста. Денес „Македонски железници“ се борат за опстанок иако пофесионалците сакаат да работат. Што се случува  со „Македонски пошти“ (од каде, велат „се изнесувале вреќи со пари“). Институцијата „Македонски шуми“, со каква безобзирност се полни со бројни вработувања на партиски кадри, а еко-катастрофата ни стои над глава. Затоа пак, експресно се договорија (велат „во четири очи“) за градење на патишта, без видлив почеток. Стигна уште едно опоменувачко барање, од строго затворен етно-партиски круг (употреба само на албански јазик, албанско знаме и афирмација на УЧК): „ Дојде време да гласаме за пат кон Европа, не за Русија, како и тоа дека мора Бугарите да ги внесеме во Уставот (можеби според некој заеднички договор), како државотворен народ иако ги има во симболичка бројка според последниот попис. Уште една уцена во „пакет“ уште подрско ни ја испорачаа: дојде време за избор, но во Собраниена прв претседател на државата (без да речат македонска) затоа што гласно се самопрогласија за „господари на државата. “Во исто време од Уставот требало да се избришат оние дваесет проценти како недостоинствени за албанското малцинство кое, за волја на вистината ги има сите можни права во државата, како впрочем и сите други национални малцинства. Колку одделни личности од албанските партии се почувствуваа достоинствено кога прифатија избрзана амнестија за воените злосторства? Тие наметнаа употреба на т.н. „говор на омраза“ (а самите упорно ја практикуваат), а другите за најмала критика на албанските партии ги етикетираат како албанофобија. Тиe сакаат да заплашуват и да уценат за да си останат сигурни во неказнивоста, за да можат да маниплираат со луѓето. Тие, изгледа не го познаваат достоинствениот чин на извинување, а не ја признаваат ниту европската комисија за човечки права (заради смирување на духовите) која бара судска завршница за воените злосторства во 2001. Со какво достоинство ја прифатија амнестијата, за себе и својата терористичка организација?

Марш за женски права „црвена линија“ со паролата „Смрт на машкиот шовинизам“ се одржа пред споменикот на „Скендер бег.“ Меѓутоа борбата не треба да заврши со 8 март, со еден цвет за подарок. А грижата за болните е секојдневна должност. Судството, со низок степен на доверба го враќа предметот за корупција на градоначалниот во струшкиот суд каде што тој имал осетно влијание. Зошто детектор за лаги само за царинските службеници кога сите лажат и крадат? Се пресече склучениот договор за фабрика на електрични возила во Тетово, која многу ветуваше. Сиромаштијата е најпонижувачка за луѓето, а партиите имаат значаен удел во опустошување на општеството… Каква помош, воопшто може да се очекува од пратениците и функционерите кои ги избрал токму овој народ? Ветија, ама не ги намалија платите, но тие секогаш лажат. Знак на сиромаштија е кога луѓето буричкаат во ѓубре, да го замат она што не го дојале кучињата. Пресметале дека цели седумдесет години имало ѕид за правата на албанскиот народ во бившиот систем, но што значење „на секое тринаесетто дете следуваше…? “Всушност, дојде време да се прекине со закани и уцени, но и со правење отстапки да се одржува само привиден „мир в куќа. “Се уште сме далеку од градење на граѓански и демократско општество, суштествен услов за отворен пат кон ЕУ. Освен тоа сеуште не е направен вистински попис на населението ниту се јасно определени законските одредби за гласање. Доцнењето со вадење лични документи ги откри сите неправилности во работата на институциите и можноста секој да го остварат своето гласачко право. Што ако дојде време, повторно да ги менуваме документите, на наша сметка? Под притисок на јавноста ја подзасилија контролата во здравството, но тоа не треба да се прави кампањски. Факт е дека недостасува медицински кадар, но тие се иселуваат или ја менуваат професијата. Какви шанси ќе имаат младите од проектот „Отворен Балкан“? Во услови на голем пад на духот и на образованието авторите може да посегнат по книгата како материјал или дел од некој уметнички проект. Некој рече: опинокот бил нашиот барок. Браво за освојувачите на највисоките планински врвови, браво за Националниот џез оркестар, Браво за Танец итн.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ – осамениот стожер во македонската политика
Следна вестВМРО-ДПМНЕ тврди дека ќе поевтинат сметките за струја доколку дојдат на власт