ВМРО ДПМНЕ: Власта итно да се зафати со носење протоколи за мајмунски сипаници

Кој ќе одговараше ако суспектниот беше позитивен на мајмунски сипаници и ја ширеше заразата, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ. Од најголемата опозициска партија бараат надлежните итно да се зафатат со носење протоколи, без разлика што во текот на вчерашниот ден се потврди дека во Македонија нема мајмунски сипаници. 

–Апелираме во најбрз можен рок оваа неодговорна власт и министерот Беким Сали, што поскоро, веднаш да донесат протоколи за пандемијата која масовно се шири низ Европа и светот, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање дали власта е подготвена да се справи со нова пандемија.

Не смее повторно да ни се случи сценариото како со ковид пандемијата кога Македонија е земја со најмногу починати на милион жители, а доцневме и со мерки и реакции, порача тој. 

 

Претходна вестКовачевски за фабриката за електрични возила: Само во првата фаза се предвидени 900 нови работи места
Следна вестБраво, македонските средношколци освоија сребрен и два бронзени медали на Интернационалната олимпијада по информатика