ВМРО-ДПМНЕ: Власта за 8-ми Септември не го спомена името Македонија, се срами ли Ковачевски од државатa

Власта 8-ми Септември го помина без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ниту во логото, ниту во официјалните материјали на власта за 8-ми Септември не се најде името Македонија. Власта како да се срами од сопствената држава. СДС ја релативизира независноста и се повеќе бега од чествување на националните празници. Од односот на СДС кон 8-ми Септември не е чудно зошто тргуваат со сите претходни национално важни датуми и моменти. СДС недостојно се однесуваат кон државата, потребни се промени и враќање на гордоста и достоинството на Македонија, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестСтејт департментот за измените во Кривичниот законик: Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Македонија
Следна вестПретреси на осум локации во Сарај и Ѓорче Петров, пронајдена голема количина на оружје