ВМРО-ДПМНЕ: За една недела 300 починати, срамно е Филипче да тврди дека се е во ред

За само една недела имаме 300 починати од Ковид-19 и уште 60-тина слободни кревети во болниците, а министерот Венко Филипче вели се е под контрола, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемaта опозициска партија го прашува министерот за здравство „како не му е срам на целиот овој крах да дава изјави и да тврди дека се е во ред?“.

 За една недела имаме скоро 9.000 заразени. Четири пати повеќе отколку што Филипче предвидуваше за цела пандемија. Секој ден е буквално нов пик и за починати и за заразени. Ситуацијата е одамна излезена од контрола. Филипче е неспособен да набави вакцини. Веќе 4-ти месец нема вакцини. И тие вакцини кои пристигнаа се донации. Филипче е директно одговорен заедно со Заев за сите починати од први јануари до сега, да имаше вакцини, голем број од нив ќе беа спасени. Ситуацијата е очајна во целост. Пациентка умре затоа што во болница немаше кој да и даде кислород, луѓе примаат инфузии во дворовите од болниците, а живи лежат до мртви и примаат терапија. На целиот овој крах, го прашуваме Филипче како не му е срам да дава изјави и да тврди дека се е во ред? Наместо да смислува изговори, нека си даде оставка веднаш, се вели во партиското соопштение.

Претходна вестБорисов освои најмногу гласови, но нуди експертска влада
Следна вестЌе го најде ли полицијата лекот за пребрзото возење по Скопје?