Ќе го најде ли полицијата лекот за пребрзото возење по Скопје?

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 134 казнени мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли по скопските сообраќајници.

-Имало и 15 санкции за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни во јавен превоз. Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, шест санкционирани возачи на мотоцикли, две мерки за некористење сигурносен појас и 14 санкции за непрописно паркирани возила, соопшти полицијата.

И во изминативе денови имаше голем број на казнети возачи поради пребрзото возење. Вчера, на пример, биле изречени вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75. Пред три дена од вкупно 191 мерка за возење повеќе од дозволената брзина биле 42 мерки.

Очигледно, овие казни како да не помагаат за дисциплинирање на „дивите“ возачи. Очигледно е на секоја улица во Скопје дека „рели“ возачите не се плашат дека можеби ќе бидат казнети. Очигледно е дека полицијата треба уште да запне.

Дали се потребни и поинакви мерки и организација во нивното спроведување?

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: За една недела 300 починати, срамно е Филипче да тврди дека се е во ред
Следна вестДо кога институциите сурово ќе кажуваат на граѓаните: Не сме надлежни?