Внимавајте, лоши луѓе ја поткопуваат македонската хуманост

Да се биде хуман и да се помогне на оној кој има потреба од тоа е дел од македонската традиција. Ама и лошотилокот е влезен меѓу одреден тип на луѓе. Е, тие ја злоупотребуваат хуманоста на останатиот дел од населението во Македонија.

Направиле лажен беџ со логото на постоечка хуманитарна организација, ставиле и нејзини фотографии и тргнале по скопските населби за од граѓаните да бараат парични донации за наводни хуманитарни акции. Другите пак, на централниот скопски плоштад „Македонија“ пре два дена го убедиле еден граѓанин да им даде 800 евра за да ги платат здравствените прегледи, а како гаранција му оставиле „дијаманти“. Подоцна, тој видел дека добил најобична бижутерија. Ова се само два најнови примери за тоа какви се измами се прават по Скопје во има на хуманоста. За слоупотребите врз деца кои се тераат да просат ич да не споменуваме.

Измамите, всушност, и не се толку нови според начино на којшто се вршат. И до сега на вратите на граѓаните честопати тропаа лица кои со себе носеле некаква медицинска документација тврдејќи дека собираат пари за лица на коишто им претстои операција, лекување во странство… Да, некои навистина имаат мака и вистински бараат помош, ама, доколку граѓанинот макар и малку повнимателно ја прочита „документацијата“ ќе види дека не ретко станува збор за некакви лекарски наоди кои немаат врска со тоа што и се бара.

Мамењето, пак, со „дијаманти“ како гаранција за дадените пари за да се плати лекување веќе е одомаќена измама и на неа наседнуваат наивни. 

Примерите на измамите се бројни. Се игра на карта на емоции, на подготвеноста на граѓаните да им помогнат на луѓе во неволја.

Да, треба да остане подготвеноста за помагање, ама мора да се отворат „четири очи“.  Секако, и полицијата мора да е побудна околу овој тип на измами.

Вистинската хуманост треба вистински да се заштити од лажните апели, барања… Во спротивно се поткопува хуманоста на добрите луѓе, а како последица на тоа ќе има и помалку помош за оние кои навистина имаат потреба од тоа.

Претходна вестПутин: Го плашат населението на Европа дека ќе ги нападнеме, тоа е целосна глупост
Следна вестГерасимовски: Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и да ги пренаменуваат