Темно Режим Светло Режим

Путин: Го плашат населението на Европа дека ќе ги нападнеме, тоа е целосна глупост

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна глупост“.

-Што се однесува до тврдењата дека планираме да ја нападнеме Европа по Украина, ова е целосна глупост со цел да се заплаши нивното население да плати повеќе пари, рече тој, пренесува новинската агенција ТАСС.

Според него Западот се обидува да го пренесат тој наратив во светот, а сето тоа се случувало „среде опаѓање на економијата и влошување на животниот стандард“.

-Тоа е апсолутно јасно и сите го признаваат. Ова не е пропаганда. Ова навистина се случува. Тие треба да се оправдаат, па го заплашуваат своето население со потенцијалната закана од Русија, рече Путин.

Претходниот Пост
МВР воведе промена во сообраќајот за денот на Задушница

Изречени 167 казни за возачи во Скопје

Следниот Пост

Внимавајте, лоши луѓе ја поткопуваат македонската хуманост