Милион возила украдени во САД

Бројот на украдени возила во САД во 2022 година за првпат е еден милион, објави Националното биро за криминал во осигурувањето. Според податоците на тоа биро, само во првите девет месеци од оваа година, во САД биле украдени повеќе од 745.000 возила, што претставува рекордна бројка од 2008 година и зголемување од 24 отсто во споредба со бројките пред пандемијата, објави Вашингтон Тајмс.

Полицијата вели дека бројот на украдени возила е дури и поголем од тие бројки, бидејќи кражбата на возила е многу тешко да се докаже на суд без сведоци или видео како доказ.

Проценетата вредност на сите украдени возила оваа година надминува 6,6 милијарди долари.

Претходна вестЈСП: В недела првите вклучувања на градските автобуси ќе бидат подоцна од вообичаеното
Следна вестСиндикалецот Ристов: Оваа година изгледа Дедо Мраз порано дојде во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“