Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, додека вкупно во државата има 616 вакви пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Најмногу приеми по 10 има во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“и на Инфективната клиника, осум на интерните клиники и во Козле биле примени пет пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.
Од Министерството за здравство проценуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.