Во четири сообраќајки повредени четворица мотоциклисти и една сопатничка

Вкупно пет лица вчера биле повредени во четири одделни сообраќајни незгоди што се случиле на сообраќајниците во земјава. Од нив, четворица биле мотоциклисти и една сопатничка.

Вчера во 13.37 часот било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен спроти авто плац се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(51) од с.Братин Дол-битолско, и моторцикл “хонда” со струшки регистарски ознаки, управувано од Џ.Ф.(25) од с.Биџево-струшко. Во несреќата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Во 15,20 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.”Карпошева” со ул.„Крсте Мисирков” во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „јамаха” со кочански регистарски ознаки, управуван од П.А.(29) од Кочани, и товарно моторно возило “фиат” со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(61) од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле моторциклистот и сопатничката Т.С.(20) од Кочани констатирани во ЈЗУ Свети Николе.

Во 18.00 часот било пријавено дека на патот Миладиновци–Штип кај клучка Север-Свети Николе моторцикл “априлија” со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(54) од Тетово излетал надвор од коловозот. Во несреќата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Претходно во 17.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско-Велес во близина кај крстосница за с.Црквино моторцикл „бмв” со српски национални ознаки управуван од Б.М.(55) од Р.Србија излетал надвор од коловозот. Во несреќата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Велес.

Претходна вестСрпскиот патријарх Порфириј му го врачи Томосот за автокефалност на на МПЦ-ОА на архиепископот г.г. Стефан
Следна вестВладиката Тимотеј: Очекуваме Томосот за нашата автокефалност заеднички да го потпишат српскиот патријарх Порфириј и Вселенскиот патријарх Вартоломеј