Во четврток и петок авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје

Градот Скопје известува дека на 27 и на 28.07.2023 година (четврток и петок), во раните утрински часови, ќе се реализира четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини, информираат од Град Скопје.

Ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Претходна вестПожарникарите на Родос наидоа на жеден елен среде пожар, му дадоа вода
Следна вестПортугалски репрезентативец го засили РК Вардар 1961