Во Црна Гора почна генерален штрајк во образованието

Наставата во околу 50 отсто од училиштата и градинките во Црна Гора е прекината откако синдикатот за образование ги повика вработените на генерален штрајк бидејќи не добија зголемување на платите од 10 отсто.

Со колективниот договор е предвидено зголемување на платите на вработените во просветата за десет отсто од јануари, но црногорската влада тврди дека нема пари во буџетот па на просветните работници им понуди зголемување од 15 отсто, но од септември.

Таа понуда не е прифатена па генералниот штрајк почна во повеќе од половина образовни установи во Црна Гора, додека еден дел од наставничкиот кадар не се придружи на штрајкот.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ ги повика просветните работници да разговараат со владата и порача дека нема да попушти под притисокот.

„Веќе кажавме дека можеме да гарантираме зголемување од 15 отсто од септември. Поради тоа не ми е јасно зошто некој сега би почнал штрајк и мислам дека таак губат само децата“, кажа Спајиќ.

Претходна вестМакедонските граѓани не можат да влезат во Германија со стариот пасош без „Северна“
Следна вестПрекин на водата во дел од Карпош