Во Дебар Маало денеска ќе се одбележува роденденот на Горан Стефановски

Општина Центар и оваа година ќе организира настан „Прослава на роденденот на Горан Стефановски“.

Годинешното одбележување ќе биде потенцирање на неговата љубов кон рокенролот и по тој повод ќе биде изведен музичко-драмски перформанс, кој ќе вклучува извадоци од неговата театарска претстава „Лонг плеј“.

На перформансот ќе настапат артистот Александар Микиќ, заедно со музичарите Мирко Попов, Дина Јашари, Марија Каева и Владан Дробицки, во режија на Јордан Симонов, а градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, ќе ги поздрави присутните со краток пригоден говор.

Прославата на роденденот на Горан Стефановски денеска  со почеток во 13 часот, на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало, спроти Општина Центар.

Претходна вестСончево со малку облаци
Следна вестКоалиција за правично судење: Парадоксални ситуации при разрешувањето на претседателот на Судскиот совет