Двајца малолетници биле нападнати на иста улица во скопски капиштец во два одвоени напада што се случиле синоќа на иста улица, соопшти полицијата.
Во информацијата се наведува дека ноќеска, половина час по полноќ С.Ј.(42) од Скопје пријавила дека во неделата околу 23 часот на ул.„Народен фронт“ нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од В.Г. и уште неколку лица.
-Во 3.50 часот И.С.(44) од Скопје пријавил дека во неделата, околу 23.40 часот на ул.„Народен фронт“ неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од едно непознато лице, соопшти МВР.
Во информацијата не се наведува дали нападите се меѓусебно поврзани, односно, дали се работи за исти напаѓачи. Се работи на расчистување на случајот.