Во ера на дигитални комуникации оваа земја вработува гулаби-писмоносци

Полицијата во источната индиска држава Одиша чува јато гулаби-писмоносци во случај на прекин на комуникацијата за време на катастрофи. Тоа е практика која се негува уште од ерата на британското колонијално владеење. Во државната служба за гулаби-писмоносци денеска се „вработуваат“ повеќе од сто птици, кои летаат со брзина од 55 километри на час и поминуваат растојанија до 800 километри.

– Ги чувавме гулабите поради нивната вредност на наследство и за да ги зачуваме за идните генерации“, рече Сатиш Кумар Гајбхије, инспектор од областа Катак, цитиран од „Н1“.

Гулабите најчесто носат пораки напишани на лесна хартија од кромид, ставени во капсула и врзани за ногата, а индиската полиција тврди дека во последните 40 години барем двапати спасила одредени ситуации.

Тие одиграа клучна улога во 1999 година откако бура ги прекина комуникациските линии, како и во 1982 година за време на разорните поплави во делови од таа сојузна држава.

Истражувањата покажуваат дека гулабите можат да детектираат магнетни полиња и да одредат локација од неколку илјади километри, вели историчарот Анил Дир, кој работи со полицијата.

Претходна вестМу наоѓаат уште грешки на Пописот со кој власта се фалеше
Следна вестГаревски: Мостот „Беласица“ би можел да биде пуштен во употреба на 1-ви септември