Во Грција е активиран „Амберт алерт“, киднапирано е девојче

Девојка (14) е киднапирана во Грција, во месноста Лариса, а активирана е „Амберт алерт“ – килибарна тревога.

Девојчето Хрисула Хрисобаланти исчезнало на 27 јуни околу 20.30 часот. Се претпоставува дека девојчето било киднапирано од постаро лице.

Медиумите пренесуваат дека девојчето е високо 155 сантиметри, тешко 55 килограми, долга кафена коса и темнозелени очи.

Во моментот на нејзиното исчезнување носела зелени бермуди, бела маица и бели влечки.

Претходна вестМалолетник од Петровец се скарал со најблиските и избегал, по него трага полицијата
Следна вестПет недели по апсењето на судијата, обвинителството без детали за истрагата