Во Хрватска денеска започна новата учебна година за околу 460.000 основци и средношколци, а меѓу нив има околу 37.000 првачиња. И годинава се обезбедени бесплатни учебници за учениците од основните училишта, за што од буџетот се издвоени 158 милиони куни.
Министерот за наука и образование Радован Фукс рече дека учениците од 5 до 8 одделение во основните училишта мора да носат маски во училниците, како и средношколците од прва до четврта година, доколку не е обезбедено растојание од 1,5 до 2 метри во училницата помеѓу учениците.
Како што рече, маските се задолжителни во заеднички простории како што се ходници, надвор од училниците, училишен превоз. Наставниците кои се вакцинирани можат да предаваат без да носат маска.