Во кафеана на маса може да седат колку сакаат гости – се укинува ограничувањето

Владата денеска одлучи да го укине ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и дозволи поголема исполнетост на капацитетите и во отворениот и во затворениот дел.

Исто така, во затворениот и во отворениот дел може да има исполнетост до најмногу 50 отсто искористеност на капацитетот на објектите.

Ова не важи за угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, додаваат, и за нив остануваат во сила постојните мерки и протоколи.

Претходна вестЗа една недела починале 26 целосно вакцинирани лица, најголем број биле со „Синофарм“
Следна вестОктомвриските пензии доаѓаат пет дена порано – кој како сака нека си толкува