Во Шпанија запленети рекордни 50 тони марихуана

Шпанската полиција денеска соопшти дека во периодот од јуни до октомври годинава запленила повеќе од 50 тони марихуана, што е најголемото количество дрога досега запленето во Шпанија.

Како што наведе таа, во Каталонија се уништени осум плантажи, а 20 лица се приведени поради сомнение дека сториле прекршоци против јавното здравје и измама со електрична енергија, пренесува „Ројтерс“.

Сите насади се претставени како наводно легални насади со коноп и регистрирани како сопственост на трговско друштво, а се наоѓаат меѓу магацини чие индустриско работење е легално.

Вкупно, во периодот од јуни до октомври се запленети 52 тони марихуана, како и повеќе од 187.000 растенија и 19 тони пупки.

Претходна вестМЗТ Скопје бара прва гостинска победа против ФМП
Следна вестМу се слошило додека возел, излетал од патот и починал