Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.237.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 515 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 14 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден болен, исто како и на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.
Во другите градови, на болничко лекување има 722 пациенти со ковид.