До до 8 часот утрово во скопските ковид центри имало 159 слободни места, а се очекува во тек на денот да се ослободат и дополнителни места по направените исписи на оздравените пациенти, соопшти денеска Министертсвото за здравство.
Во изминативе 24 часа во нив се хоспитализирани нови 22 пациенти со што сега на инфективните оддели во градот се лекуваат вкупно 279 лица сомнителни и потврдени за ковид-19. Голем дел од вкупниот број пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се на кислородна поддршка.
Според податоците од Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало 8 приеми, во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника примени се 8 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 13 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 13 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 85 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.