Во скопските ковид-центри примени 27 нови пациенти, оздравеле 35 лица

Во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Инаку, вкупно се лекуваат 459 пациенти.

Министерството за здравство исто така соопшти дека во овој период дома се пуштени 35 оздравени пациенти.

Во моментот на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија – 29 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 40 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментот се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести – 13 пациенти, а на ОРЛ – 21 болен. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 141 пациент, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 44 пациенти.

-И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово, до 8 часот, имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ ‘8 Септември’, потенцираат од министерството.

Претходна вест25-годишно момче загина по излетување со мотор на скопската обиколница
Следна вестЕзерската полиција доби нови чамци, сега уште езерата да добијат вода и…