Во скопско приведен дилер, во гостиварско крадец

Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија и Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога – Единица за недозволена трговија со дрога, вчера во координирана акција извршија претрес на две локации во дом кај З.Н.(20) од скопско Мралино.

Како што информираат денеска од МВР, при претресот се пронајдени седум пакувања марихуана и едно пакување со семки од растението канабис.

-З.Н. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти полицијата.

Во Гостивар, пак, е приведена жена затекната при вршење кражба.

-На 18.01.2023 во 14.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во супермаркет на ул. „Илинденска“ во Гостивар ја лишиле од слобода С.Ш.(36) од Гостивар. Таа била затекната при вршење на кривично дело „тешка кражба“. С.Ш. е лишена од слобода, задржана во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Претходна вестВо Швајцарија по 22 часот е забрането пуштање вода во тоалет
Следна вестМедведев: Ако загубиме можна е нуклеарна војна