Во Словенија задолжителен карантин за сите што биле во контакт со новиот сој

Сите оние што биле во високоризичен контакт со лице потенцијално заразено со омикрон-сојот на коронавирусот во Словенија ќе мора да бидат во карантин.

Правилото што го усвои владата важи за оние што се вакцинирани, но и за оние што веќе прележале Ковид-19.

За контакт со висок ризик се смета лице со потврден омикрон-сој или лице што во претходните 14 дена престојувало во некоја од африканските земји, каде што оваа варијанта е широко распространета, како што се Јужна Африка, Лесото, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик, Намибија и Есватини, пренесува СТА.

Патниците од овие земји ќе треба да направат три ПЦР-теста за време на нивниот задолжителен десетдневен карантин по пристигнувањето во Словенија.

Словенечката влада денеска го прошири и списокот на вакцини што се користат во земјата со „коваксин“, произведена од индиската компанија „Барат биотек“.

Претходна вестПотврден првиот случај на заразен со омикрон во Хрватска
Следна вестНово Лисиче доби нов спортски центар „Марко Божиновски“