Ново Лисиче доби нов спортски центар „Марко Божиновски“

Од денеска во Ново Лисиче во функција е нов Спортски центар кој го нси името на Марко Божиновски, млад ракометар кој почина пред шест месеци.

-Заедничка одлука на моја иницијатива, но заедничка одлука на сите советници во Советот на Општина Аеродром, и од ВМРО-ДПМНЕ, и од СДСМ, и од Левица, е овој Спортски центар да го носи токму неговото име. Одлучивме да инвестираме во реновирање на спортската инфраструктура која што ја гледате позади вас. Дел од таа инвестиција е на општина Аеродром, но и самото семејство на Марко Божиновски, пријатели нивни, се активно вклучени во подобрување на условите кои што ќе ги има овој Спортски центар, рече градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски.

Левокрилниот поранешен македонски кадетски и младински репрезентативец Марко Божиновски почина во сон на 3 јуни, кратко време по прволигашкиот натпревар на кој настапи во дресот на екипата на Бутел против Еурофарм Пелистер 2.

Пред да премине во редовите на Бутел, младиот Божиновски го носеше дресот на скопски Металург.

 

Претходна вестВо Словенија задолжителен карантин за сите што биле во контакт со новиот сој
Следна вестНовата бугарска влада најавува поинаков пристап во разговорите со Македонија