Во соседна Албанија бигамијата ќе се казнува со затвор

Додека досега нарушувањето на лојалноста меѓу брачните другари го нарекувавме морален проблем, во нацрт-измените на Кривичниот законик, ова ќе биде кривично дело за кое може да се изрече затворска казна до три години. Според предлог-законот доставен на расправа, одржување на два или повеќе брака истовремено, или соживот во исто време со еден или повеќе партнери, се казнува со парична казна или со затвор до три години, објави албанска телевизија.

Бигамија претставува посебен случај на полигамија и се користи за некој(а) кој(а) има две сопруги/два сопруга. Оваа појава, како и полигамијата е нелегална во повеќето земји во светот, освен во некои муслимански земји како и во некои региони со специфични христијански цркви како Мормоните, кои во своите учења одобруваат повеќе жени за мажот. Многу поретко се случува жената да има право на повеќе мажи, како во некои племиња во тихоокеанскиот океан, каде често жената е мажена за два браќа од друга фамилија.

Доколку бигамијата продолжи и по прво изречената казна, потоа се казнува со затвор во траење од четири години.

-Состојбата на одржување на паралелни бракови или соживот не е непозната појава во Албанија. Не ретко во медиумите сме виделе мажи кои живеат со две жени за да создадат можност да остават наследници. Имало случаи кога мажи живеат во неколку паралелни врски, од кои имаат и деца. Во одредени случаи, користејќи ја довербата, одредени поединци одржуваат повеќекратни бракови во исто време, наведува телевизијата.

Според истиот извор, најсвеж е случајот на лекарот Дервиш Хаси, кој имал три брака, а четвртиот го формирал со 16-годишна малолетничка, поради што заврши зад решетки.

Претходна вестУсвоен е Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион
Следна вестИ ЗА ОВА ГРАЃАНИТЕ СЕ ВИНОВНИ: Уште ги нема задолжителните налепници со фамозното „НМК“