Од обработени 98,39 отсто од гласовите, според првичните податоци на ДИК, на вчерашните локални избори за Совет на Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ освои 77.921 гласа, втор е СДСМ со 52.093 гласа, трета е ДУИ со 26.337 гласа, Левица со 19.910 гласа, Алијанса на Албанците/Алтернатива со 11.446 гласа, ЛДП/ДОМ со 9.190 гласа и Зелен Хуман Град 9.010 гласа. Останатите се едвај над 1 отсто и под тоа.