Во среда почнува „Звуците на чаршијата“

Почнувајќи од среда, на 15, 16 и 17 септември ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, во Старата скопска чаршија.

Се работи за мултимедијална и мултикултурна манифестација, која годинава се одржува по 15-пат, со идеја да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини.

Организаторите најавија богата програма со ликовни изложби, концерти, претстави, филмови, литература на повеќе локации во чаршијата.

Отворањето е во 20 часот во „Куршумли ан“ со концертот на „Тројца тенори“: Јосиф Ѓипали, Кастриот Туша и Мустафа Имери.

Претходна вестПосле тетовската трагедија јавноста потсетува: До каде е случајот за 16 загинати кај Ласкарци?
Следна вестВо среда ќе се прска против комарци во Скопје