Вукпно 17 возачи вчера биле откриени како возат без возачка дозвола од страна на полициските патроли.
МВР денеска сопшти дека во текот на вчерашниот ден во општина Центар е спроведена акциска контрола од областа на сообраќајот при што изречени се 97 мерки.
–Санкционирани се и 9 возачи за некористење на сигурносен појас, шест за користење на мобилен телефон, пет кои возеле технички неисправни и нерегистрирани возила. Казнети се и шест возачи за непрописно паркирање.