Вкупно 189 возачи во текот на минатата недела се казнети поради непрописно паркирање, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар.
-Во периодот од 01.02. до 07.02.2021 година, со помош на специјалните возила„Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 86 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 103 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во соопштението.
Во информацијата се наведува дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици.