Воздухот e загаден, надлежни, истиот ли го дишеме?

Воздухот во Скопје е многу загаден. Ништо ново нели?

Но, посериозни мерки конкретни не се преземаа. Ништо ново нели?

Сега кога ковид-бранот „брише“ со огромна брзина, загадувањето не само што не е намалено, туку е уште поголемо отколку пролетта. Сето тоа само дополнително го забрза процесот на оштетување на здравјето и животот на скопјани.

-Можеше ли ништо да не се направи? Па како мирно спиете вие кои сте најодговорни за неспречување и неправење ништо против ПМ10 честичките? Политичари, зарем не го дишете истиот воздух со сите нас, не се плашите ли за себе?… – се само дел од секојдневните коментари на скопјани кога концентрацијата на ПМ10 е превисока.

И изутрината бројките се далеку од розеви. Во Центар се измерени 79 ПМ10 на метар кубен, а во Карпош само 6 помалку, односно 73 на метар кубен од отровните ПМ10 честички.

Претходна вестНови 881 заболени и 22 починати од коронавирус во Македонија
Следна вест„Травијата“ вечерва и во петок во Националната опера и балет