„Травијата“ вечерва и во петок во Националната опера и балет

Вечерва и во петок во Националната опера и балет концертно ќе биде изведена Вердиевата „Травијата“. Солистичката екипа е во улогите на Виолета Валери, дел е Нада Талевска Спасовска (16.12) и другиот дел Ана Дурловски (18.12).

Понатаму, Алфред Жермон е Благој Нацоски, Жорж Жермон е Ристе Велков (16.12) и Борис Трајанов (18.12), Александра Василевска Лазаревски (16.12), Марика Поповиќ (18.12), Дејан Стоев, Драган Ампов, Борко Биџовски, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Од НОБ посочуваат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Диригент е Иван Еминовиќ.

Претходна вестВоздухот e загаден, надлежни, истиот ли го дишеме?
Следна вестМагла, ниска облачност…