Возило излета од патот кај тунелот на делницата Гевгелија – Неготино, тешко повредено едно лице

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила утринава автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино. Полицијата соопшти дека возило излетало од патот кај овој тунел.

– Денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот. Увидот е во тек, изјави за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Поради сообраќајката во прекин е сообраќајот на овој патен правец.

Претходна вестШеврон ќе плати отштета од 63 милиони долари на човек заболен од рак, закопале јама со токсични хемикалии
Следна вестКога Арсовска и Муцунски пак ќе прошетаат по аеродромската улица „Васко Карангелески“?