Кога Арсовска и Муцунски пак ќе прошетаат по аеродромската улица „Васко Карангелески“?

Една кратка делница од улицата „Васко Карангелевски“ среде „урбанизираниот“ Аеродром се прави со месеци. Додуша, некогаш и не се прави, само си стојат знаците дека се работи на сообраќајницата, а работниците ги нема.

Облаци прашина вдишуваат граѓаните поради возилата кои поминиваат по долго недоправената крстосницата на улицата кај објектот на СВР на Град Скопје. Така е веќе со недели и недели. Улицата чијашто целосна реконструкција никако да заврши пред месец – два конечно доби асфалт, но се застана кај крстосницата по која секојдневно врват голем број на автомобили. Делницата долга нешто помалку од стотина метри е оставена со земја и макадам.

Зошто е така? За ова реагирата и граѓаните на социјални мрежи.

еќе подолго време како се реконструира ул. Васко Карангелески“ и облаци прашина се дигаат секојдневно во близина на ОУ Љубен Лапе. Никој од надлежните од Општина Аеродром и градот Скопје со прст не мрдаат и да интервенираат кај изведувачот земјаниот дел да го прскаат со вода. Ова му доаѓа како она: далеко од очију, далеко од срца. Покажете грижа и за жителите кои секојдневно поминуваат одовде. Ангажирајте се малку, се отруа децата, напиша еден граѓанин на ФБ-групата „Општина Аеродром – пријави проблем“.

Реконструкцијата на улицата веќе подолго време оди по принципот тргни – застани. По противењата на граѓаните на нејзиното проширување со што ќе се загуби зеленилото, надлежните  од Градот Скопје и од општина Аеродром, сепак си пристапија на завршувањето на ркеонструкцијата започната уште во време на претходниот скопски градоначалник Петре Шилегов. Се даваа ветувања дека ќе се сочува зеленилото, дека ќе се смени трасата, дека ќе се подигне ново зеленило… но од тоа малку што се реализира.

Градоначалничката Данела Арсовска во април годинава изврши некаков увид во работите на улицата кои тогаш одново започнаа. По улицата прошета и градоначалник на општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Време е тие пак да прошетаат и да видат до каде е работава.

Претходна вестВозило излета од патот кај тунелот на делницата Гевгелија – Неготино, тешко повредено едно лице
Следна вестСДСМ и Ковачевски добија шанса од Мицкоски да си ги поправат катастрофалните грешки