Возило излетало од патот, две лица повредени

Вчера во 20.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Неготино – крстосница со магистрален пат А4, патничко возило „фолксваген туран“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.С.(76) од Радовиш излетало од патот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(18) од Радовиш, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, информираат од МВР.

Претходна вестКавадарчанец пријавил дека некој друг земал кредит во негово име
Следна вестГрадоначалникот на Загреб чистеше смет заедно со вработените