Вработените во Затвор Прилеп денеска излегоа на протест и побараа да се најде решение за условите во кои што работат, но и решение за осудениците кои се од висок ризик.
-По поднесените барања за изнаоѓање на решение со осудените лица кои се од висок ризик и кои претставуваат огромен проблем и предизвик како за Затвор Прилеп, така и за целиот затворски систем, вработените излегоа на протест пред затворот со цел актуелизирање на состојбата и решавање на проблемот. Бараме изнаоѓање на системско решение и создавање на посебни услови за згрижување на овие лица во затворите, како и целосно надмминување на состојбата која се провлекува подолг период, велат вработените од прилепскиот затвор, а информираше Независниот синдикат на полицијата.