Време погодно за прошетки во природа, температура до 20 степени

Утринското сонце во Скопје го најави најтоплиот ден во зимскиот февруари. Метеоролозите предвидуваат претпладне дека и попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб, а попладне и во вечерните часови умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Денеска во утринските часови по одделни котлини низ Македонија ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер.

Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува умерен, по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Следува сончево време со умерена облачност, ветеровито и посвежо. В недела и в понеделник ќе дува умерен, по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика позначителен пад на температурите, така што дневните ќе опаднат за 7 до 10 степени во однос на денешната, а утринските од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

Претходна вестРаспишан е конкурс за книжевни дела за тинејџерска возраст
Следна вестПретепан академик Чашуле: Тројца силеџии ме удираа, а полицијата ме избрка кога пријавував