Дождот, според УХМР, постепено ќе преминуваат во снег на повисоките планини.
Денеска нè очекува променливо облачно и посвежо време со повремен дожд, особено во северозападните делови од земјата. Дождот, според прогнозата на УХМР, постепено ќе преминуваат во снег на повисоките планини. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец.
Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 1 до 9 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 4 до 19 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат во интервал од 5 до 15 степени.
Повремено облачно и посвежо време време УХМР најавува и за утре.