Времето денес: Претпладне облачно со услови за слаб дожд, попладне сончево

За првиот ден од викендот УХМР прогнозира сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец, а слично време се најавува и за в недела.

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд – вакво време, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нè очекува денеска во земјава, особено во претпладневните часови. Попладне, пак, облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од -2 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 18 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од 2 до максимални 18 степени.

За првиот ден од викендот УХМР прогнозира сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Слично време се најавува и за в недела, а од понеделник се очекува промена на времето со зголемена облачност и повремен дожд кој на места ќе биде проследен со грмежи.

Претходна вестДенеска се слават Младенци, празникот на љубовта и младоста
Следна вестБез вода денеска Тафталиџе