Времето денес сончево и магливо

Времето во Скопје ќе биде сончево, магливо и тивко. Во текот на ноќта ќе има значителна ниска облачност и појава на магла. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

И во останатиот дел од Македонија времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми, а по котлините ќе биде магливо. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени, јавува УХМР.

Претходна вестПрвото бебе во 2024 година е машко, се роди точно на полноќ
Следна вестМостовите без столбови и разурната конструкција предизвик и во новата година