Времето денеска променливо облачно и студено

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на некои од повисоките места и на планините врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен слаб снег.

Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Претходна вестБадникови поворки му се извинија на г.г. Стефан
Следна вестНеколку лица нападнати со нож во Париз