Времето денеска сончево и многу топло со температура до 38 степени

Сончево и многу топло време – ваква е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ-индексот ќе биде 9. Утринската температура ќе биде од 12 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 29 до 38 степени.

Сончево и топло време со слаб северозападен ветер денеска ќе има и во главниот град. Температурата ќе биде од 19 Целзиусови степени наутро, до 38 степени во текот на денот.

И за утре синоптичарите најавуваат претежно сончево и многу топло време со слаб до умерен северен ветер кој во северните делови од земјата краткотрајно ќе засилува. УВ-индексот ќе изнесува 9. Температурата утре наутро ќе биде од 12 до 20 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 31 до 39 степени.

Од УХМР информираат дека од денеска до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а на некои места ќе достигнуваат и 40 степени.

Претходна вестСпасовски: Новата Влада нема јасен план за економијата, нема јасни правци за стратешките интререси…
Следна вестДел од Ѓорче Петров денеска без струја