Врховен суд му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази студентката Фросина Цековска

Врховниот суд му ја зголеми затворската казна на возачот кој во 2015 година ја прегази студентката Фросина Цековска на „Партизанска“ во близина на Универзалната сала. Апелацискиот суд му одредил казна од три години, за сега Врховниот суд да му ја зголеми на четири години.

Претходно, Апелационот суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина со која обвинетиот го огласи виновен за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик и го осуди на казна затвор во траење од три години, а на обвинетиот му изрече и забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од една година.

-Овој предмет се однесува на сообраќајната незгода што се случи на 3.4.2015 година на булеварот Партизански одреди во Скопје, во близина на Универзална сала, кога обвинетиот, управувајќи со моторно возило ‘хонда прелуде’, под дејство на алкохол и со брзина поголема од ограничената, удрил во телото на оштетената Фросина Цековска, која како пешак започнала да го минува коловозот по обележан пешачки премин. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, соопштија од Јавното обвинителство.

Од таму наведуваат дека направените сообраќајни пропусти кои се причина за сообраќајната незгода опфатиле умисленост во дејствијата на обвинетиот, односно било утврдено присуство на алкохол во крв и пречекорување на дозволената брзина за управување со возилото, па согласно тие пропусти обвинителството ја определи и правната квалификација за кривичното дело.

Претходна вестТуфф, штета, за малку тунелот под Кале ќе почнеше да се гради…
Следна вестВо преработениот ДУП за Расадник избришани само три згради, граѓаните пак реагираат