Туфф, штета, за малку тунелот под Кале ќе почнеше да се гради…

Изградбата на тунелот под тврдината Кале доживеа ново одложување. Вчера беше соопштено дека Градот Скопје го раскинал договорот за проектирање со турската фирма „Мега инженеринг консалтинг АД“ бидејќи не ги испочитувале роковите за изработка на проектот. Фирмата не го исполнила договорот што бил склучен лани во јуни и покрај тоа што имала година дена време за изработка на проектот.

И така, тунелот ќе остане само ветување. Барем за сега…

Тоа што е наплатена банкарска гаранција е мала утеха за граѓаните кои очекуваа конечно да почне да се гради ова важна сообраќајница. Во нејзината оправданост нема дилеми бидејќи тоа е речиси најдобар начин да се растовари задушениот сообраќај на Бит-пазар. Но, вистинското прашање е зошто се дојде во ситуација да доцни проектот? Неговото правење беше едно од клучните ветувања на актуелниот градоначалник Петре Шилегов кога ја доби довербата на граѓаните во 2017 година. Пробивањето на тунелот од негова страна се гарантираше дека ќе биде направено во текот на мандатот од четири години кој полека привршува. Зошто тоа до сега не е сторено треба да одговори градоначалникот. Односно, треба да одговори зошто се дојде во ситуација доцна да се распишуваат тендери за изработка на проектот, а да не зборуваме за тоа дали се обезбедени ниту триесетина милиони евра предвидени за неговата изградба.

Вака, како тргнало за еден мандат само проектот ќе се нацрта и евентуално пред наредните локални избори првата лопата сосе Шилегов да се фотографираат…

Претходна вестФилипче: Хронично болните до 23 септември ќе може да одат по потврди дека не може да се вратат на работа
Следна вестВрховен суд му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази студентката Фросина Цековска