Втор ден портокалова фаза во Македонија, температури и над 40 степени

И денеска Македонија тешко ќе дише во вториот ден од портокаловата фаза, заради дводневниот топлотен бран што го најавија метеоролозите.

Ќе биде слично како и вчера, односно сончево и исклучително топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 34 до 42 степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Претходна вестЖежов: Согласноста на македонските колеги од Комисијата е негирање на етногенезата на македонскиот народ
Следна вестИспразнети села: Нема кој да гласа во 6 избирачки места во Маврово Ростуше