Втора сезона на „Филмска училница“ во Кинотека на Македонија

Почна втората сезона на проектот „Филмска училница“ во Кинотека на Македонија. Како и минатата година, десетина ученици од средните училишта преку интерактивно-креативно учење, ќе се запознаат со националното аудиовизуелно културно наследство, ќе имаат можност да гледаат филмови од архивот на Кинотека, ќе учат како да размислуваат за едно филмско дело, ќе добијат основни познавања од филмската историја и од филмскиот јазик и да креираат кратки филмски етиди, инспирирани од богатата ризница на македонската кинематографија.

Учениците ќе се запознаат и со работата на Кинотеката, со различните дејности, како реставрација, дигитализација, филмско архивирање, филмска есеистика и критика, киноприкажување.

Проектот ќе се одвива секоја сабота во Кинотека и ќе трае 10 недели, а се реализира под водство на филмската и ТВ-режисерка Марија Џиџева.

Претходна вестПредметите за изборни инциденти од првиот круг уште го чекаат обвинителството
Следна вестСончево со мала локална облачност