Во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Речиси половина од случаите пак се регистрирани во Скопј е- 63, а останатите случаи се во:Куманово 4, Дебар 6, Штип 4, Прилеп 2, Тетово 14, Струга 6, Велес 2, Битола 1, Охрид 4, Гостивар 12, Свети Николе 1 и Кичево 1.
-Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово, се наведува во информацијата.
На Инфективна почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите ковид 19 е дијагностициран постмортем.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје 82, Штип 1, Тетово 30, Струга 2, Битола 2, Гостивар 2, Кочани 4, Пехчево 1 и Ресен 1.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се
хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, нема
пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на
ковид-19, 3 деца позитивни и 2 суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 115 пациенти.
На респираторна машина се 3 пациенти.
-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.569, соопшто Министерство за здравство.
Досега во Македонија се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.