Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 142 нови случаи на Ковид 19, а пет пациенти починаа. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство преку Фејсбук.
Направени се 1.542 тестирања и најголем број нови случаи повторно се потврдени во Скопје-37. Останатите новозаразени се во овие градови: Куманово-18, Тетово – 13, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-8, Струга-3, Битола-4, Гостивар-9, Струмица-4, Крива Паланка-8, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-1, Виница-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2 и Ресен-2.
Починати се пет лица, пациент од Гостивар (69г), од Прилеп (84г), од Охрид (84г), од Македонски Брод (46г) и пациент од Штип (58г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 15.555, бројката на оздравени пациенти е 12.994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.919.