Вучиќ прогласи победа и најави дека ќе има 63 мандати

Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на Српската напредна странка на локалните избори што во недела се одржаа во Србија, како и на повторените избори во Белград, објавија српските медиуми.

–Имавме мнозинство во Белград и по декемвриските избори, но сметавме дека тоа не е доволен легитимитет бидејќи некои не сакаа коалиција со нас. Сега наместо 54 мандати ќе имаме 62-63. Неверојатна е победата и во Нови Сад, 45 мандати, речиси 53 проценти од гласовите да се добијат во Нови Сад, рече Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека во Ниш било најтешко.

Во меѓувреме новосадската опозиција Обединети за слободен Нови Сад излегоа на протест пред Новосадскиот саем, кој е логистички центар за броење гласови. Граѓаните биле собрани пред саемот, а внатре имало распоредено припадници на полицијата. Во просториите на Саемот имало и кол-центар на СНС, но бил распуштен откако таму пристигнале опозициските активисти.

Претходна вестАдем Мекиќ со Задар е шампион на Хрватска
Следна вестНов обид на Уставен суд да избере претседател