Адем Мекиќ со Задар е шампион на Хрватска

Задар на Адем Мекиќ го растури Сплит во „мајсторката“ и стана старо-нов шампион на Хрватска.

Четата на Јусуп му одржа лекција на ривалот на средбата која се одигра во Задар, славје од 93:66 за конечни 3:2 во финалната серија.

Домаќините го добија првите три четвртини во кои создадоа предност од 75-47, па завршните десет минути беа чиста формалност во која гостите како за утеха беа подобри во тој дел со 19:18.

Ова за Задар беше 22. пехар во клупската историја, најефикасен беше Божиќ со 19 поени. Нашиот Мекиќ од клупата за резерви уфрли 5 поени со 1 скок, 1 асистенција и 1 украдена топка.

Претходна вестПочинат маж пронајден во Центар
Следна вестВучиќ прогласи победа и најави дека ќе има 63 мандати